Фудбалскиот клуб Преспа излезе со одговор на жалбата на ФК Детонит Плачковица кој поднесе жалба за неправилна замена на нивниот меѓусебен натпревар кој заврши 1-1.
Во одговорот од Преспа велат дека никаде во правилникот не пишува дека тројца фудбалери до 21 треба да бидат на теренот 90 минути. Треба само да почнат и да завршат со тројца играчи до 21 година, што тие го запазиле таквото правило.
„Во пресрет на утакмицата во Радовиш на ден 21.11.2025 година противник ни беше екипата на Детонит Плачковица, во еден фер и коректен натпревар со резултат 1:1 , наш прв бод во гости ! Поднесена е жалба од домашната екипа и е објавена по порталите за неправилна замена , ние утакмицата ја започнавме со тројца играчи и ја завршивме исто со тројца играчи до 21 година според правилникот на официјалната страна на ффм! Никаде не е нагласено дека мора да на сите 90 минути да имаме тројца играчи на терен до 21 година!
Нашата борбра е за опстанок и секој бод ни е потребен нема да дозволиме да ни биде оддземен ке одиме до крајност!
Жално е на децата кои изгинаа на терен да му се одземи бод кој можи многу да ни значи Спортски поздрав до домакините за фер и коректниот натпревар!“, стои во реакцијата на тимот од Преспа.