130
Барселона со убедливи 4-0 го совлада Атлетик Билбао, Роберт Левандовски, Феран Торес и Фермин Лопез се погрижија за шоу на враќањето на Камп Ноу.
По повеќе од 900 дена, Барселона се врати на Камп Ноу, вечерва „каталонците“ го пречекаа Атлетик Билбао и стигнаа до убедлива победа.
Избраниците на Флик притиснаа од самиот старт и само прашање на време беше кога ќе постигна гол, тоа го стори Роберт Левандовски во 4. минута.
За вториот гол се чекаше дури до судиското надополнување на првиот дел, кога Феран Торес донесе 2-0.
На стартот од вториот дел, Фермин Лопез реализираше за 3-0, а во 90. минута, Феран Торес со својот втор гол стави точка на натпреварот.
ФОТО: X/FC Barcelona