По долги
преговори и огромен број на шпекулации за иднината на Лео Меси, играчот во
ноември удри параф на нов договор со „Каталонците“.
Барса се опамети
откако ПСЖ им го „украде“ Нејмар за 222 милиони евра, па ја постави откупната
клаузула на Лео Меси на 700 милиони евра.
Но Ел Мундо
пишува дека Аргентинецот би можел да го напушти Камп Ноу за без пари. Весникот
открива нови детали од договорот на Лео Меси, и пренесува дека има клаузула
според која тој би можел да стане слободен играч во случај на независност на Каталонија.
Доколку
Каталонија се одвои од Шпанија, а Барса не игра во првенствата на Шпанија,
Англија, Германија или Франција, Лео Меси има одврзани раце да замине.
Преговорите за
нов договор се одвиваа во екот на референдумот за независност на Каталонија,
тогаш имаше многу прашалници што ќе се случи со Барселона во случај на отцепување, па
Лео Меси сакал да се осигура дека ќе продолжи да игра на највиско ниво.
Од почит за се
она што има сторено, Барса му излегла во пресрет на Аргентинецот и му дала
одвразани раце да прави што сака.