240
Бирмингем сити кој е член на англискиот Чемпионшип, го претстави амбициозниот план за изградба на ултрамодерен стадион чија вредност се проценува на 1,36 милијарди евра.
Првиот човек на клубот, Том Вагнер, ја откри визијата за новиот дом на „сините“, арена со капацитет од 62.000 гледачи. Но неговите амбиции не запираат тука: Вагнер посакува да го врати и Џуд Белингем во клубот каде што го започна својот подем, иако во моментов тоа звучи како речиси невозможна мисија.
Новата арена, која ќе го носи името „Пауерхаус“, се очекува да биде завршена и ставена во функција до 2030 година.