Флик ги израдува навивачите на Барселона, соопшти одлични вести пред големото враќање на „Камп Ноу“!

by Стефан
1 минути читање

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, денеска откри неколку позитивни вести пред големото враќање на „Камп Ноу“.

Како што е веќе познато, Барса по две и пол години се враќа на својот реновиран дом, иако засега не во целост – капацитетот моментално изнесува 45.000 седишта.

Противник за каталонскиот гигант ќе биде Атлетик Билбао, а Флик потврди дека се враќаат првиот голман Жоан Гарсија и капитенот Рафиња, а најави дека наскоро и Педри ќе биде подготвен.

„Да, Жоан Гарсија ќе брани утре, целосно е подготвен. Рафиња исто така се враќа, сметаме на него, ќе влезе во второто полувреме, ќе видиме дали 10 или 20 минути. Педри сè уште не е со нас, но за неколку дена и тој ќе биде во составот. Нема да брзaмe, одиме чекор по чекор, но импресиите се добри. Рашфорд има температура, два дена не тренираше, ќе видиме утре како ќе се чувствува“, изјави Флик.

Посебна тема беше Ламин Јамал, кој поради терапијата пропушти настапи за репрезентацијата.

„Јамал работи одлично и верувам дека е подготвен за утре. Многу сме задоволни од неговиот професионален пристап и трудот да ги надмине сите непријатности“, нагласи Флик.

Надвор од комбинација останува капитенот Френки де Јонг поради црвениот картон од минатото коло, па се очекува во средниот ред да заиграат Марк Касадо, Фермин Лопез и Дани Олмо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×