Фудбалерот на Челси, Кол Палмер се здоби со повреда поради која ќе мора да отсуствува во наредниот период.
Станува збор за бизарна повреда која фудбалерот ја заработил во својот дом и во која скршил прст на ногата. Челси ја потврди повредата, но не прецизираше точо како се случила.
Поради оваа повреда, Палмер ќе го пропушти утрешниот дуел со Барнли, но и двете дерби средби со Барселона и Арсенал.
„Има скршен прст на ногата…Речиси се опорави од повредата на препоните, но сега дојде овој мал проблем“, изјави Мареска на прес-конференцијата пред дуелот.
Добра вест за Челси е што подготвени за натпреварот ќе бидат Моисес Каиседо и Енцо Фернандез. Кога е Палмер во прашање, сезонава баш нема среќа и настапи само на четири натпревари во кои постигна два гола.