Тотенхем му нуди богатство на Хари Кејн

by
1 минути читање

Се чини дека интересот
од Реал Мадрид си го прави своето, па Тотенхем најде начин како да се одбрани
од богатиот гигант за да го задржи на подолг рок својот најдобар фудбалер, 24
годишниот напаѓач Хари Кејн.

Кејн има важечки договор
со Премиерлигашот од Лондон до 2022. година, но неговата заработка во клубот во
однос на останатите ѕвезди во Англија е далеку под нивото на кое тој заслужува.

Според информациите кои
пристигнуваат од Островот, тамошните медиуми пишуваат дека Кејн ќе стане
најплатениот англиски фудбалер со тоа што ќе добие 200 илјади фунти неделна
плата, моменталната му е 110 илјади фунти на неделно ниво.

Тоа значи дека напаѓачот
на Тотенхем би заработувал 11 милиони евра по сезона доколку се остварат
најавите, а моментално, најплатен англиски фудбалер во Премиерлигата е Рахим
Стерлинг од Манчестер Сити со неделна плата од 180 илјади фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани