Рома немаше милост за скандалот со видеото на Белгиецот, Наинголан „удрен солено“ по џебот

by
1 минути читање

Раџа Наинголан во текот
на новогодишната вечер објави видео на социјалните мрежи во кое конзумираше
алкохол и пушеше цигари, а воедно користеше и непристоен речник во своите
зборови, подоцна го избриша тоа видео, но истото го виде целата јавност.

Прашање на време беше
кога Рома ќе реагира и каква висока казна ќе му изрече на белгискиот
интернационалец, тоа веќе се случи, па тој од клубот доби парична казна во
висина од цели 100.000 евра, а освен тоа ќе пропушти и еден натпревар, поточно
оној во Серија А против Аталанта претстојниов викенд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани