Италија нема голгетер, а синот на Буфон даде два хет-трика во два меча за Чешка!

by 24 фудбал
1 минути читање

Луис Томас Буфон има само седумнаесет години, но веќе предизвикува големо внимание во Европа. Синот на легендарниот голман заигра за младата селекција на Чешка до деветнаесет години и во последните квалификациски натпревари постигна шест гола во шест дена, меѓу кои и два хет трика. Три гола даде против Азербејџан во победата од 4-1, а нов хет трик реализира против Северна Ирска во триумфот од 6-1.

Во Италија се поставува логично прашање зошто синот на една од најголемите италијански спортски икони не игра за земјата во која е роден. Одлуката ја објасни самиот Буфон, кој изјави дека заедно со семејството проценил дека репрезентацијата на Чешка е најдобра опција за неговиот развој.

Буфон веќе дебитираше и за сениорскиот тим на Пиза и стана најмладиот играч кој настапил за клубот во Серија А. Неговиот подем се поклопува со големата криза во италијанската репрезентација која повторно мора преку бараж да бара пласман на Светско првенство.

Италијаните се надеваат дека младиот напаѓач ќе се предомисли и ќе заигра за Аѕурите, бидејќи се уште има право на избор. Но Чешка подготвува брза промоција во сениорскиот тим со цел да го задржи засекогаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×