Барселона влегува во година со претседателски избори, а старата битка меѓу Жоан Лапорта и Виктор Фонт повторно ќе се отвори. Фонт загуби во 2018, но сега верува дека има шанса за реванш и веќе работи на силна кампања.
Поддршка добива од Чави Хернандез, а според најавите негов најсилен адут ќе биде обидот да го врати Лео Меси во клубот. Односот меѓу Меси и Лапорта е нарушен уште од заминувањето на Аргентинецот од Камп Ноу, што Фонт планира да го искористи.
„Мораме да направиме се за да го привлечеме повторно Меси, што порано можеме, во било која улога што тој ќе ја избере. Тој самиот кажа минатата седмица дека го посакува тоа, сигурно и навивачите го посакуваат… прва работа откако ќе ги добијам изборите ќе биде токму повикот кон Лео. Тоа е се што ќе кажам, немам намера повеќе да го злоупотребувам името на оваа легенда како што тоа го правеше Лапорта во неколку ситуации“, истакна Фонт.
Очекувањата се дека изборната трка ќе биде жестока, а Меси повторно ќе биде централна тема во каталонскиот гигант.