Сезоната на „Црвените ѓаволи“ не се одвива според планот, најтрофејниот клуб од Англија одново е далеку од битката за титулата.
Па по серијата слаби резултати, медиумите почнаа да пишуваат дека Жозе Мурињо ќе го напушти Олд Трафорд.
Ваквите стории не му се допаднаа на „Специјалниот“ кој распали на пресконференцијата пред дуелот со Дерби во ФА Купот.
„Зависи од тоа што сакате да знаете или за што сакате да зборуваме. Ако сакате да зборуваме за одредени стории, ќе кажам дека тие се ѓубре. Ако сакате да ме прашате директно, дали следната сезона се гледам како менаџер на Манчестер јунајтед, ќе ви речам да, се гледам како менаџер“ – вели Португалецот.
„Како што кажав кога пристигнав, ќе заминам само кога клубот ќе побара од мене да заминам бидејќи немам намера да го напуштам Манчестер јунајтед. Мојата намера е да останам, да работам и да го вратам клубот на местото на кое припаѓа“.
„Не сум стигнал ниту до половината од договорот и планирам да останам се додека сопствениците и бордот се среќни со мојата работа“.
Кога го наследи Ван Гал во 2016, Жозе Мурињо стави потпис на тригодишен договор со опција за уште една додатна.