Еден од најбараните фудбалери во Премиерлигата има клаузула од 65 милиони

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува новинарот Дејвид Орнштајн, во договорот на Антоан Семењо има откупна клаузула од 65 милиони фунти и истата може да се активира во зимскиот преоден рок.

Антоан Семењо одлично ја отвори новата сезона во Премиерлигата, забележа шест погодоци и три асистенции на 11 натпревари, и со одличните партии го привлече вниманието на неколку клубови.

Ливерпул го мерка како замена за Мо Салах, а интерес пројавуваат и Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Челси, Арсенал и Тотнем.

Како што пренесува новинарот Дејвид Орнштајн, во договорот на Антоан Семењо има откупна клаузула со која тој може да замине во зимскиот преоден рок.

Сумата е поставена на 65 милиони фунти, и клаузулата ќе може да се активира само до одреден датум, со цел Борнмут да добие неколку недели за да донесе соодветна замена.

Како бонус, Антоан Семењо нема да настапи на Африканскиот куп на нации, па ќе може веднаш да се стави на располагање на новиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×