Лапорта со изјава за Јамал ги пецна Реал и шпанските медиуми

by riste
1 минути читање

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта зборуваше на темата која е една од главните во шпанските медиуми периодов, односно неиграњето на Ламин Јамал за Шпанија.

Шпанската јавност и медиумите од оваа земја ги нападнаа Јамал и Барселона затоа што фудбалерот не го прифати повикот за репрезентацијата со изговор дека има повреда, а притоа не отиде на преглед кај докторите од националниот тим.

Лапорта застана во одбрана на Јамал, а индиректно направи паралела и со ситуацијата на Хујсен кој исто така поради ситна повреда се врати во составот на Реал Мадрид.

„Луѓето зборуваат за Ламин Јамал дека не игра за Шпанија на оваа репрезентативна пауза? Ние треба да се навикнеме на тоа“, рече Лапорта.

„Нешто се случи со Ламин, тој требаше да се врати дома поради повреда и некои медиуми почнаа да го критикуваат него, но истото се случи и со друг фудбалер (Хујсен), тоа е игнорирано“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×