Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе важат за веројатно најдобрите голгетери во овој момент во европскиот фудбал, н о времето ќе покаже дали можат да играат на највисоко ниво и да ги достигнат рекордите кои во минатото ги поставуваа Лионел Меси и Кристијано Роналдо.
Меѓутоа интересеен е податокот дека двајцата во овој момент имаат по 55 голови во дресот на своите репрезентации. Но ако се спореди ефикасноста, предноста убедливо е на страната на Халанд, не само затоа што е речиси две години помлад, туку и затоа што до истата бројка стигна со двојно помалку настапи.
Мбапе досега запиша 94 натпревари за Франција, додека Халанд има само 48 меча за Норвешка. Ако го задржи сегашното темпо, норвешката гол-машина би можела да стигне до околу 110 погодоци кога ќе пристигне до бројката од 94 настапи на Мбапе.
Така, Халанд потенцијално би влегол во сериозна трка за апсолутниот рекорд на Кристијано Роналдо, кој во репрезентативниот дрес има неверојатни 143 гола.