Реал Мадрид на
стартот од 2018 ќе биде без својот прв голгетер, Карим Бензема има проблеми со
задната ложа поради која ќе паузира околу 20 дена.
Низ медиумите од
Шпанија се крена голема дебата околу повредата, со оглед на тоа дека вестите за
неа беа соопштени дури една недела по „Ел Класико“, односно последниот меч на
„Кралевите“ пред паузата за божиќните и новогодишните празници.
Многумина сметаат
дека Карим Бензема се повредил на одмор, но Зинедин Зидан како и секогаш веднаш
скокна во одбрана на својот играч.
„По дуелот со
Барселона тој почувствува нешто” – вели тренерот на Реал. „Им верувам на моите играчи. Медиумите напишаа
многу лаги”.
„Замина на одмор
како и сите други, и го правеше она што требаше да го прави, но чувствуваше
проблеми и по враќањето. Со повреда замина на одмор, не обрнавме многу внимание
тогаш бидејќи мислевме дека не е ништо страшно. Но кога се врати и кога
направивме детални тестови увидовме дека повредата не е наивна”.