Дел од колачот од трансферот на Кутињо ќе оди и во клупската каса на Интер

by
1 минути читање

Се поизвесно е дека
Филипе Кутињо овој месец ќе го напушти Премиерлигашот Ливерпул и ќе се пресели
во Барселона, сагата околу Бразилецот се уште трае, но, најавите велат дека
конечно ќе дојде до реализација на долго најавуваниот трансфер кој не се случи во
летниот преоден рок.

Се споменува сума од
околу 150 милиони евра кои Ливерпул би ги добил како обештетување за
Бразилецот, а дел од средствата ќе влезат и во клупската каса на поранешниот
клуб на Кутињо, Интер.

Калкукациите велат дека
на италијанскиот прволигаш би заработил околу два милиони евра при евентуален
исход на настаните каков што се најавува низ медиумите.

Не треба да се заборави
и Васко де Гама, клубот каде Кутињо ги имаше своите почетоци, токму во
младинскиот погон на овој бразилски клуб премина во редовите на Интер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани