Реал Мадрид го испраќа Ендрик на позајмица со специјална клаузула

by bojan
1 минути читање

„Кралевите“ се во преговори со Лион за позајмица на Ендрик, се шпекулира дека во договорот ќе биде вметната специјална клаузула со која напаѓачот ќе треба да има што е можно поголема минутажа.

Младиот Ендрик не е дел од плановите на Чаби Алонсо, па се почесто се говори за негово заминување во зимскиот преоденрок.

Напаѓачот беше забележан во Франција, и ова само ги подгреа шпекулациите за негова преселба во Лион.

Како што пренесува Атлетик, „кралевите“ ќе бараат да се вметне специјална клаузула, според која Бразилецот ќе мора да одигра одреден број на натпревари, во спротивно Лион ќе треба да му плати оштета на Реал Мадрид.

Очигледно Реал Мадрид сака младиот Ендрик да има што е можно поголема минутажа, па на ваков начин ќе се осигура тој често да биде на теренот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×