Милинковиќ-Савиќ седна на кафе во Торино и ги возбуди фановите на Јуве (ФОТО)

by
2 минути читање

Српскиот фудбалер оваа сезона во дресот на Лацио се промовираше во фантастичен креативец од средниот ред кој постигнува многу голови, со своите игри го навлече вниманието на многу големи европски клубови, а Лацио бара огромна сума за неговите услуги, 100 милиони евра.

Вечерва се игра големото градско дерби помеѓу Торино и Јувентус во рамките од Купот на Италија, а Сергеј Милинковиќ-Савиќ е во градот да го гледа својот брат Вања кој е голман на тимот на Михајловиќ.

Милинковиќ-Савиќ на својот инстаграм профил објави слика како пие кафе во Торино, а тоа ги возбуди фановите на Јувентус кои почнаа да пишуваат: „Дојди во Јуве, донеси го и твојот брат“, „Бараш нов дом, те чекаме за два дена на медицински тестови“, „Дојди во Јуве“, се дел од коментарите.

Се на коментарите се приклучија и фанови на Лацио кои пишуваа: „Ако мораш да си одиш, немој во Јуве“, „Тој веќе рече дека никогаш нема да оди во Јуве“, „Не се залажувајте“.

Spontanejsn sa mojom

A post shared by Sergej Milinkovic Savic (@sergej___21) on

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани