Трансферот на Кутињо во Барса е прашање на денови

by
1 минути читање

Преговорите помеѓу Ливерпул и Барселона се интензивни и очекувањата се дека ќе завршат успешно и во наредните денови Кутињо треба да се пресели на Камп Ноу.

Проблем уште претставува цената, Ливерпул бара 150 милиони евра, додека Барселона нуди 130. Се очекува разликата да биде надополнета со одредени клаузули.

Договор за личните услови на Кутињо со Барселона е постигнат уште минатото лето кога Ливерпул сепак одлучи да не го продаде фудбалерот.

Според извори блиски до клубот, Ливерпул тогаш му дале збор на Кутињо дека преговорите со Барселона повторно ќе бидат отворени во јануари. 

Бразилецот сега чека клубот да си го исполни ветувањето и да не биде толку тврд во преговорите со цел тој да го облече дресот на Барселона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани