На чекор се од сензационален пласман на СП, а сега останаа без селектор за најважниот натпревар!

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Курсао е на чекор до историски успех, потребен им е само бод во последното коло против Јамајка за да обезбедат учество на Светското првенство кое за нив би било прво во историјата. Но токму во пресрет на најважниот меч селекторот Дик Адвокат неочекувано ги напуштил подготовките, потврдија од сојузот.

„Репрезентацијата потврдува дека селекторот Дик Адвокат ги напушти припремите во Јамајка поради приватни околности. За време на неговото отсуство помошните тренери Дин Гор и Кор Пот заеднички ќе соработуваат со фудбалерите. Одлуката на селекторот ја почитуваме, целиот сојуз му пружа целосна поддршка“, стои во соопштението.

Првиот човек на фудбалската федерација, Жилберт Мартин, дополни дека холандскиот стратег ќе остане во постојан контакт со стручниот штаб и ќе ги носи клучните одлуки околу тактиката и изборот на играчи додека траат подготовките за историскиот меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×