Планови секогаш постојат кога станува збор за Манчестер јунајтед, но во последните десетина години тешко дека можеме да видиме сериозен резултат во домашното првенство.
Тимот на Рубен Аморим сезонава игра променливо, а според последните информации Португалецот веќе има планови и за преодниот рок. Најголеми желби наводно се Елиот Андерсон од Нотингем форет и Карлос Балеба од Брајтон.
Кога во прашање е Аандерсон, збор за дефанзивен среден фудбалер кој е апсолутно потребен бидејќи се очекува заминување на Касемиро следното лето.
Балеба од Брајтон е одличен оваа сезона, но за него ќе има конкуренција сигурно и од неколку други европски клубови. Најавите се дека за да ги доведе двајцата клубот од „Олд Трафорд“ ќе треба да потроши околу 100 милиони евра. вниманието на многу големи европски клубови.