Односите меѓу Барселона и селекторот на Шпанија Луис де ла Фуенте повторно се затегнати. Во Каталонија повторно се критикува начинот на кој селекторот ги третира фудбалерите, а како главен пример се наведува младиот Ламине Јамал.
Ханси Флик прв ја отвори темата кога изјави дека селекторот не мислел на здравјето на Јамал бидејќи го форсирал во септември кога одигра два натпревари за репрезентацијата. Слични забелешки имаше и во случајот со Педри кој исто така беше изложен на голем товар.
Нов повод за незадоволство се појави откако де ла Фуенте реши да го одмори стоперот на Реал Мадрид Дин Хујсен. Според каталонските медиуми никогаш ниту еден играч на Барселона не бил поштеден во вакви ситуации што дополнително го подгрева незадоволството.
Во критиките се споменува и Нико Вилијамс кој имал сличен проблем како Јамал но сепак добил одмор. Јамал не е во составот за овој циклус и остана во Барселона без да се појави на лекарски преглед во шпанската репрезентација што предизвика негодување во јавноста и нови обвиненија кон селекторот.