Французите најавија „бомба“ со Винисиус, Енрике веднаш поставил ултиматум до ПСЖ!

by Стефан
1 минути читање

Според пишувањата на француските медиуми, шпанскиот стратег Луис Енрике би можел да си замине од актуелниот европски шампион, ако клубот се одлучи да го доведе Винисиус Жуниор од Реал Мадрид.

Иако договорот на Енрике со парижаните важи до 2027 година, неговиот престој би можел да заврши порано доколку пристигне Бразилецот, кој, според тврдењата, не се вклопува во визијата на трофејниот тренер.

Француските медиуми пренесуваат дека Винисиус е сè она што Енрике не сака да го има во тимот, медиумски магнет и фудбалер што сака секогаш да биде во центарот на вниманието. Информациите од Париз се и дека клубот застанал на негова страна и нема да тргне по неговиот потпис додека е Енрике во клубот.

Но, се додава и дека по 2027 година клубот планира да отвори нова страница и да гради стратегија околу ѕвездата на Реал Мадрид, сепак, засега е јасно дека тоа нема да се случи во блиска иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×