Поранешен напаѓач на Ливерпул испратен на проба во Бугарија

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џордан Ајб, кој во дресот на „црвените“ запиша речиси 60 настапи, се појави на проба во бугарскиот прволигаш Локомотив Софија, пренесува „Тема спорт“.

Англичанецот кој има 29 години е и поранешен младински репрезентативец на својата земја, а сега ќе помине пробен период за време на репрезентативната пауза, по што раководството на клубот ќе донесе одлука дали ќе му понуди договор. Локомотив има слаб почеток на сезоната и бара начини да ја засили конкуренцијата во нападот, особено што по 15 одиграни кола тимот се наоѓа на 11. место во шампионатот со 16 бодови.

Ајб својата кариера ја започна во младинските категории на Чарлтон, а во 2011 година се пресели во академијата на Ливерпул. За премиерлигашот одигра 58 натпревари, постигна 4 погодоци и забележа 7 асистенции, но потоа дојде падот во неговата кариера.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×