204
Бразилскиот фудбалер Оскар е принуден да стави крај на кариерата поради проблеми со срцето. Поранешната ѕвезда на Челси беше хоспитализиран во вторникот откако се пожалил на лоша состојба за време на тренинг со Сао Пауло.
Како што пренесува „Дејли мејл“, Оскар се онесвестил додека вежбал на собен велосипед, а подоцнежните прегледи покажале срцеви аномалии. Лекарите му препорачаа да се повлече од фудбалот и целосно да се посвети на опоравување.
Оскар беше еден од најголемите таленти на својата генерација и со Челси освои две титули во Премиер лигата и една во Лигата на Европа. За репрезентацијата на Бразил одигра 48 натпревари и постигна 12 голови.
Фото: www.chelseafc.com