191
По мечот со Селта, тренерот на Барселона, Ханси Флик влезе во интересна дебата со новинарите на прес-конференцијата.
Дел од поранешните фудбалери работат како фудбалски критичари, но на Ханси Флик му е смешно да се нарекуваат експерти бидејќи смета дека не се тоа.
„Секогаш велите „експертите, експертите“ кога зборувате за пензионирани поранешни фудбалери“, им рече Флик на новинарите.
„Понекогаш сакам да им одговорам на тие „фудбалски експерти“, но не, нема да го направам тоа. Бидејќи ако го направам, ќе ви дадам повеќе муабет за зборување. Ќе има уште повеќе врева околу нас“.