310
Фудбалерот на Шкендија, Арбин Зејнулаи, се здоби со повреда за време на дуелот против Јагелонија во третото коло од Конференциската лига, но за среќа, лекарските прегледи потврдија дека не се работи за ништо посериозно.
Според информациите од тетовскиот клуб, офанзивецот ќе направи само кратка пауза од неколку дена.
Зејнулаи накратко ја загуби свеста по силниот удар во лицето што го доби на натпреварот, по што беше заменет, а неговото место на теренот го зазеде Красниќи. Од клубот сега порача дека фудбалерот се чувствува добро и се очекува наскоро да се врати на тренинзите и во тимот.
— goals (@StefanDaskalov5) November 6, 2025