Стартерн состав: Шкендија без Ибраими ќе го почне мечот против Јагелонија

by riste
0 минути читање

Тренерот Јетон Беќири ги одбра стартерите за денешниот натпревар на Шкендија против Јагелонија во рамките на третото коло од Конференциската лига.

Во стартниот состав не е капитенот на Шкендија, Бесарт Ибраими кој се очекува да влезе од клупата во подоцнежната фаза од натпреварот.

Беќири ќе игра со формација 4-2-3-1: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Рамадани, АЛхасан, Спахиу, Зејмулаи, Љатифи и Тамба.

Ова е вториот домашен натпревар на Шкендија во Конференциската лига, во првиот го совладаа Шелбурн со 1-0, сега имаат потешка задача, но целта е нов триумф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×