Реал Мадрид по свое, не сака да го преплати англискиот репрезентативец

by 24 фудбал
1 минути читање

Англиските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од идејата да го доведе капитенот на Кристал Палас, Марк Геи.

„Кралевите“ биле сериозно заинтересирани за 24-годишниот дефанзивец, но планот пропаднал поради огромните финансиски барања на премиерлигашот од Лондон. Реал не сака да влезе во преговори по тие услови и затоа ќе го почека летниот преоден рок, кога Геи ќе биде слободен агент и ќе може да потпише без обештетување.

Англичанецот веќе неколку сезони блеска во дресот на Кристал Палас и важи за еден од најстандардните дефанзивци во Премиер лигата. Одличните настапи му донесоа интерес од повеќе европски гиганти, а како најсериозен ривал на Реал Мадрид во трката за неговиот потпис се споменува Ливерпул, кој исто така внимателно ја следи ситуацијата.

Геи е репрезентативец на Англија од 2022 година и досега запиша 26 настапи во националниот дрес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×