Даниеле Де Роси е именуван за нов тренер на Џенова, интересно токму пресметката против популарните „рособлу“ беше неговиот последен натпревар на кормилото на Рома.
Лошиот старт на сезоната го принуди раководството на клубот да повлече потег и да му врачи отказ на Патрик Виеира, и да го назначи Даниеле Де Роси за нов тренер.
Италијанецот стави потпис на краткорочен договор, односно само до крајот на сезоната. Сепак, соработката автоматски ќе биде продолжена за 12 месеци доколку биде обезбеден опстанок.
Интересно, Даниеле Де Роси ќе се врати на местото каде што се случи крајот на неговата авантура во Рома.
Токму по средбата помеѓу Џенова и Рома во септември 2024 година, „волчицата“ му даде отказ на својата легенда.
ФОТО: X/Genoa CFC