Кристијано Роналдо повторно беше гостин кај познатиот новинар Пирс Морган, а во разговорот Португалецот во еден дел откри и која е најскапата работа која ја поседува, но исто така и дека има повеќе од 40 автомобили.
Како што самиот откри, најскапото нешто кое го купил е приватен авион кој го купил затоа што му бил потребен.
„Кога бев млад, многу сакав автомобили. Сега ги имам повеќе од 40, но ретко возам. Авион не купив за да се фалам, туку едноставно потребен ми е поради животот кој го водам“, истакна Португалецот.
Роналдо има договор со Ал Наср и не крие дека сака да игра со Португалија н Светското првенство во 2026 година.
„Не ме интересира што луѓето мислат. Имам 40 години, пет деца, одлични пријатеели и многу работи во кои уживам. Кога ќе се збогувам, ќе бидам благодарен за се што фудбалот ми даде“, заклучи Роналдо.