Треневски: Пешки би одел од Црна Гора до Белград за да бидам тренер на Партизан!

by riste
1 минути читање

Поранешниот македонски репрезентативец, Виктор Треневски демантира дека има контакт со Партизан за да биде нов тренер на црно-белите, но вели дека со големо задоволство би прифатил еден таков предизвик.

Синоќа црногорските медиуми излегоа со шпекулација дека Виктор Треневски би можел да биде нов тренер на Партизан, но се чини дека нема ништо да има од тоа.

„Мене исто како и на повеќето, ова ми е убава вест која ја прочитав, но за жал останува само на тоа, бидејќи не сум имал никакви контакти со луѓето од Партизан“, вели Треневски.

„Тоа би била голема чест за мене. Би им рекол на луѓето од Партизан да ми дадат два дена бидејќи пешки би дошол до Белград. Кога мојот сакан клуб е во прашање, ништо не би ми било тешко. Со едни деца играв во Хумска, а верувајте ми дека со овие деца би сакал да работам бидејќи мислам дека имаат голем квалитет. Се надевам дека со мене би пораснале“.

Виктор Треневски за Партизан играше од 1995 до 1998 година, има 88 натпревари и 19 постигнати голови. Што како за играч од офанзивниот дел на средниот ред е одлична бројка.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×