На синоќешниот натпревар помеѓу Ваљадолид и Гранада се случи необичен инцидент, домашниот фудбалер Иван Алехо успеа да изнуди исклучување откако во глава го бакна противничкиот играч Диего Ормиго.
Ваљадолид со гол од пенал во финишот славеше против Гранада со 2-1 во натпревар од втората шпанска лига, а пресметката донесе и необичен инцидент.
Во последните мигови, црвен картон доби Диего Ормиго, гостинскиот фудбалер ги загуби нервите откако доби бакнеж во глава од Иван Алехо.
„Знаев дека е на работ и дека ќе пукне во секој момент. Му дадов бакнеж и видовме што се случи… Мислам дека фудбалот е за паметни луѓе, не за будали!“ – рече Иван Алехо по триумфот.
„Мора да знаете како да ја искористите секоја ситуација, и на крајот јас бев попаметен. Беше црвен картон чист како солза. Мечот заврши тука, и јас немам што повеќе да додадам“.
Видеото од инцидентот можете да го погледнете ОВДЕ.