165
Карло Анчелоти открива дека имал разговор со Винисиус Жуниор по Класикото против Барселона кога ѕвездата на Барселона реагираше непримерно кон Чаби Алонсо кога тој го извади од игра.
Винисиус беше бесен кога виде дека треба да излезе од игра, дури пцуеше по Чаби Алонсо. Поради ваквото однесување добил повик и од Карло Анчелоти кој претходно му беше тренер во кралскиот клуб, а сега му е селектор во Бразил.
„Зборував со Винисиус за неговата реакција на Ел Класико. Му кажав што мислам, а тоа е дека направи грешка. Тој ја сфати неговата грешка, се извини и мислам дека ситуацијата е решена“, рече Анчелоти.