Фудбалерите го избраа идеалниот тим: ПСЖ издоминира, но не помина без контроверзии (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Меѓународната федерација на професионални фудбалери (ФИФПРО) денес го објави идеалниот тим за 2025 година, составен од најдобрите единаесет фудбалери во светот.

Најмногу претставници во овој избор има актуелниот европски шампион ПСЖ, додека зад него се Барселона и Реал Мадрид. По еден фудбалер во тимот доаѓаат Ливерпул и Челси.

Донарума – Хакими, Ван Дајк, Мендеш – Палмер, Белингем, Педри, Витиња – Јамал, Мбапе, Дембеле.

Сепак, изборот не помина без контроверзии. Многумина сметаат дека на листата недостигаат големи ѕвезди како Ерлинг Халанд, Мохамед Салах и Рафиња кој беше и најдобр стрелец во минатогодишната Лига на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×