154
Дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба вели дека бил привлечен од интересот на Реал Мадрид, но сака да освои титула со „топчиите“ пред да размислува за трансфер.
Вилијам Салиба на „Емирати“ се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци, па го привлече и вниманието на Реал Мадрид.
Сепак на крајот од септември месец тој стави потпис на нов договор и ја продолжи верноста кон „топчиите“ до 2030 година.
„Секако дека бев привлечен од интересот на клуб како Реал Мадрид… но пред да почнам да размислувам за преселба во друг клуб, сакам да освојам титули со Арсенал“ – вели Французинот.
ФОТО: X/Arsenal