Ивановски демантира: Нема кланови и поделби во Пелистер!

by 24 фудбал
1 минути читање

Пелистер одржа прес-конференција пред мечот со Вардар во рамките на 12. рунда во ПМФЛ. Меѓу говорниците беше и Мирко Ивановски, капитенот на „зелено-белите“.

Ивановски, како лидер на тимот, ја искористи приликата да ја истакне сплотеноста во соблекувалната и да испрати порака пред големото дерби со Вардар.

Во екипата не постојат поделби, кланови и проблеми. Нормални ситуации се некои реакции кога резултатите не ни се наклонети, но ве уверувам дека тимот е обединет. Гостувањето на Вардар мотивира, верувам дека гледачите ќе ни дадат поддршка и ќе дојдат во голем број и заради хуманиот аспект на натпреварот“, изјави Ивановски.

В среда во 17:00 часот под рефлекторите на „Петар Милошевски“ во Битола ќе се одигра дербито меѓу Пелистер и Вардар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×