Антони блесна со два гола и асистенција за побда на Бетис (ВИДЕО)

by Стефан
0 минути читање

Фудбалерите на Бетис стигнаа до убедлива победа од 3-0 против Мајорка во рамки на 11. коло од Ла Лига, а херој на натпреварот беше Бразилецот Антони.

„Зелено-белите“ ја решија средбата уште во првото полувреме, Антони погоди во 10. и 34. минута, а потоа запиша и асистенција до Езалзули, кој го постави конечниот резултат.

Со новите три бода, Бетис се искачи на петтото место на табелата со вкупно 19 освоени бодови и продолжува со одличната форма во домашниот шампионат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×