Дибала трагичар, Павловиќ го реши дербито помеѓу Милан и Рома!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Милан славеа победа во дербито со Рома со минимални 1-0 во рамките на 10. коло од Серија А.

„Росонерите“ го кршија отпорот на „волчицата“ во 39. минута, кога Страхиња Павловиќ го совлада голманот на Рома по маестрална асистенција на Рафаел Леао. Неколку минути подоцна Милан беше блиску до зголемување на предноста, но Фофана не успеа да ја погоди мрежата од добра позиција.

Во продолжението Рома притисна со цел да стигне до израмнување, а најголемата можност ја имаше во 82. минута по досуден пенал. Одговорноста ја презеде Пауло Дибала, но францускиот голман Мајк Мењан блесна на голот на Милан и го одбрани ударот од белата точка за победаа на тимот од Милано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×