Ѕвездата на Челси е проблем за безбедноста: „Летал“ со автомобил иако има забрана за возење (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерот на Челси, Весли Фофана, е осуден на 300 часа општествено корисна работа поради прекршок во сообраќајот.

Францускиот дефанзивец бил снимен како вози со голема брзина по лентата за итни случаи, што претставува негов деветти прекршок на сообраќајниот закон. Фофана веќе издржува двегодишна забрана за управување со моторно возило, а овој нов инцидент дополнително го оптоварува неговото досие.

Челси во моментов не даде официјален коментар за ситуацијата, но во англиската јавност ова предизвика големо внимание поради сериозноста на прекршокот и честите инциденти на младиот фудбалер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×