Синот на Кристијано Роналдо веќе настапуваше во Хрватска за селекцијата на Португалија до 15 години, а сега доби прилика да игра и со една повозрасна генерација.
На турнирот во Хрватска постигна два гола за сега да дебитира и во репрезентацијата до 16 гоини со гол. Синот на славниот Португалец стрелаше пред крајот на првото полувреме за водство на својата репрезентација против Велс.
Откако на социјалните мрежи се пофали со автомобилот што му го подари неговиот татко по добиениот прв повик за португалската селекција до 16 години, младиот Роналдо сега го постигна и својот прв гол во националниот дрес.
🚨🚨| Cristiano Jr has officially opened his account for Portugal U16! 🇵🇹🔥pic.twitter.com/jpY08Ozpi5
— CentreGoals. (@centregoals) November 1, 2025