Изненадување: Реал тргнува по Босанец кој има четири месеци професионален фудбал!

by Стефан
1 минути читање

Младиот босански талент Керим Алајбеговиќ се најде на радарот на европскиот гигант Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми. Осумнаесетгодишниот офанзивец, кој моментално настапува за Салцбург, за само неколку месеци во сениорскиот фудбал успеа да го привлече вниманието на најголемите клубови на Стариот континент.

Алајбеговиќ летово се пресели од младинскиот тим на Баер Леверкузен во редовите на австрискиот шампион за сума од два милиони евра, а со своите настапи брзо се наметна како еден од најперспективните играчи во Европа. На 11 натпревари досега има постигнато четири погодоци и една асистенција, а редовно добива минутажа и во другите натпреварувања.

Се смета дека Салцбург тешко ќе успее да го задржи младиот Босанец, бидејќи интерес за него веќе покажале и Манчестер јунајтед, Челси и Порто.

„Кралевите“ од Мадрид, според шпанските извори, би можеле да направат конкретен потег уште во јануарскиот преоден рок и да го започнат процесот за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×