Страшно: Ѕвездата на Манчестер сити жртва на болна измама! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Ѕвездата на Манчестер Сити, Фил Фоден, се најде во непријатна ситуација откако на социјалните мрежи се појавија вознемирувачки лажни објави за неговото семејство.

На неколку интернет страници и анонимни Фејсбук профили се појавија скандалозни тврдења дека неговиот шестгодишен син Рони починал, а ќерката Тру боледува од рак, информации кои брзо се проширија и собраа илјадници реакции и коментари.

Фоден и неговата сопруга Ребека биле длабоко потресени од ваквите лаги. Таа јавно се огласи, изразувајќи револт и загриженост поради ширењето на вакви невистини.

„Загрижени сме поради страниците кои шират вакви приказни. Станува збор за апсолутни лаги кои не вознемируваат. Не разбирам како луѓето можат да измислуваат такви работи. За среќа нашите деца се живи здрави“, изјави Фоден.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×