Поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и неодамнешен тренер на Реал Сарагоса, Габи Фернандез, остро го коментираше однесувањето на Винисиус Жуниор и Ламин Јамал по последното „Ел Класико“.
Фернандез, кој минатата сезона успеа да ја спаси Сарагоса од испаѓање, но неодамна доби отказ поради слабите резултати на стартот од новата сезона, смета дека двајцата млади ѕвезди на Реал Мадрид и Барселона со своето однесување пред и за време на „Ел Класико“ ги надминале сите граници.
„Однесувањето на Винисиус беше неприфатливо не можете така да беснеете, а потоа само да изјавите дека се извиннувате и се да заврши. За Јамал не знам дали има нешто посебно, но повеќе напредува надвор од тереот отколку на него. Тој е фантастичен фудбалер, но тоа што го прави не му помага. Има одговорност и некој треба да му помогне.
„Никој не може да помисли дека е над тимот. Секој играч кој ќе почувствува такво нешто има проблем…Освен ако не сте Меси, тој сам добиваше натпревари“, порача Фернандез.
Да потсетиме, Реал Мадрид славеше со 2:1 во „Ел Класико“ благодарение на головите на Џуд Белингем и Килијан Мбапе.