Само еден град сака да биде домаќин на финалето во ЛШ во 2029 година

by Стефан
1 минути читање

УЕФА денеска ја претстави листата на градови кои изразиле интерес да бидат домаќини на најголемиот континентален фудбалски спектак, финалето на Лигата на шампионите во 2028 и 2029 година.

Интересно е што засега само германскиот Минхен поднел апликација за организација на финалниот натпревар во 2028 година. Токму „Алијанц арената“ беше домаќин и на овогодинешното финале, кога Пари Сен Жермен триумфираше над Интер со убедливи 5:0.

Следното финале ќе се игра во Будимпешта на „Пушкаш арената“, а во 2027 година елитниот натпревар ќе се пресели во Мадрид, на стадионот „Метрополитано“, каде што своите натпревари ги игра Атлетико.

За финалето во 2029 година интерес покажале два фудбалски гиганта, Лондон со легендарниот „Вембли“ и Барселона со реконструираниот „Камп Ноу“.

Од УЕФА нагласуваат дека процесот на пријавување сè уште е отворен и дека сите потенцијални кандидати имаат рок до 10 јуни 2026 година да ја достават својата апликација.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×