Шпанците најавија „бомба“: Реал Мадрид ја започнал „операцијата Халанд“! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Иако летово потпиша нов, долгорочен договор со Манчестер сити до 2034 година, иднината на Ерлинг Халанд повторно е под прашање. Според информациите од повеќе шпански медиуми, норвешкиот голгетер би можел веќе на крајот од оваа сезона да го напушти „Етихад“ и да направи голем трансфер во Реал Мадрид.

Наводно, ваквото сценарио е сосема реално доколку Винисиус Жуниор биде продаден следното лето. „Кралевите“ би можеле да инкасираат над 200 милиони евра од неговиот трансфер, средства кои потоа би ги насочиле кон ангажман на Халанд, одамна желба на претседателот Флорентино Перез.

Перез одамна сонува да го види тандемот Мбапе – Халанд,, а токму потенцијалното заминување на Винисиус би го отворило патот за такво нешто. Со Мбапе на левата страна и Халанд како централен напаѓач, Реал би добил навистина напад кој звучи и тоа како опасно.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×