По вчерашната елиминација од Лига Купот на Англија, тренерот на Ливерпул, Арне Слот се пожали дека немаат доволно широк состав.
Ливерпул е во тешка криза, реди порази на секое поле иако летоска потроши огромни пари во преодниот рок. На Енфилд пристигнаа Исак, Екитике, Вирц, Фримпонг, Керкез… но Слот се пожали на составот.
„Нашиот состав веројатно не е голем како што луѓето мислат. Го видов стартниот тим на Манчестер Сити за купот и без ниту еден од тимот кој играше во Премиерлигата имате чувство дека тоа им е првиот тим“, вели Слот.
„Пример, Челси може да го внесе Естевао, а јас откако направив две замени сега, имавме шест тинејџери“.
Притисокот врз Слот се зголемува, дел од навивачите на Ливерпул веќе бараат отказ за него и покрај тоа што имаше фантастична сезона лани.