Tудор си замина, Јувентус конечно победи! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Јувентус конечно по пет натпревари во Серија А и осум вкупно во сите натпреварувања стигнаа до победата откако денеска беа подобри од Удинезе со 3-1.

За клубот од Торино ова беше и прв натпревар по заминувањето на Игор Тудор, а тимот го водеше тренерот на младинскиот тим, Масимо Брамбиља.

Рано по само пет минути игра Јувенту дојде до предност и тоа од пенал кој во гол го претвори Душан Влаховиќ. Удинезе успеа да израмни во финишот од првиот дел и тоа од првиот удар во рамките од голот на Ди Грегорио, стрелаше Заниоло.

Во второто полувреме Јувентус продолжи да биде подобриот тим на теренот, Гати постигна гол за 2-1 во 67-та минута , конечните 3-1 ги постави Јилдиз во судиското продолжение со уште еден удар од белата точка.

Во истиот термин во Серија А се одиграа уште два натпревари во кои Рома ја совлада Парма со 2-1 со головите Хермосо и Зуле, додека Комо беше подобар од Верона исто така со 3-1.

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×