Сон пред враќање во европскиот фудбал, преговорите веќе започнале!

by Стефан
1 минути читање

Поранешната ѕвезда на Тотнем, Јужнокореецот Сон Хјонг Мин, би можел повторно да заигра во европскиот фудбал, откако се појавија информации од САД дека Барселона е сериозно заинтересирана за негов ангажман.

Според пишувањата на медиумите во САД, репрезентативецот на Јужна Кореја планира да ја активира клаузулата кја стана позната со Бекам и која овозможува играч од МЛС да настапува како позајмен во европски клуб за време на зимската пауза, без да го раскине договорот со неговиот клуб.

Таквиот потег би му овозможил на Сон да ја задржи натпреварувачката форма, а за Барселона би значел вредно засилување во важен дел од сезоната и тоа во моменти кога каталонскиот гигант се соочува со многу проблеми со повредени фудбалери.

Во минатото на ваков начин Бекам го облече дресот на Милан, но и уште неколку други познати имиња од европскиот фудбал ја следеа истата пракса.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×