Згазна противник и избегна исклучување, а потоа беше играч на мечот против Милан! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалерите на Аталанта и Милан одиграа нерешени 1-1 во деветтото коло на Серија А. „Росонерите“ поведоа со голот на Самуеле Ричи рано во Бергамо, а потоа херој на домашните беше Адемола Лукман. Тој го даде израмнувачкиот гол и беше избран за играч на натпреварот.

Сепак, Лукман можеше многу лесно да не го дочека на терен моментот да даде гол. При резултат 0-1 тој многу невнимателно директно го згазна Јусуф Фофана. Судијата Даниеле Довери не му даде ниту жолт картон, а јавноста во Италија и особено навивачите на Милан беа незадоволни од таа одлука.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×